Од античко време, аронијата се карактеризира како овошје кое е лековито, здраво и може да помогне во спречување и лекување на разни болести и состојби.
Малите темни бобинки се полни со хранливи материи и антиоксиданси, како што се витамин Ц и антоцијанин, и нудат мноштво придобивки за оние кои сакаат да го подобрат своето здравје.
Бобинките од аронија ја подобруваат циркулацијата на крвта, ги чистат крвните садови и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Зрелите плодови на аронија содржат големо количество феноли, кои го дезинфицираат крвотокот и телото, го поттикнуваат зараснувањето на раните, ги отстрануваат токсините, го намалуваат воспалението, ја подобруваат еластичноста на крвните садови и го спречуваат нивното затнување.
Сокот од аронија особено се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со крвниот притисок.
Придобивките од сокот од аронија
Пиењето сок од аронија може да помогне да се подобри здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем и да се спречат разни болести на очите како што е катаракта.
Аронијата може да помогне и со вишокот килограми и помага да се спречи таложење на маснотии.
Рецепт за сок од аронија
Иако сокот од аронија може да се купи во продавниците, лесно се подготвува дома.
Состојки:
1 литар вода
1 кг шеќер
2 лимони
2 кг аронија
стерилизирани стаклени шишиња
Во поголем сад се варат водата и шеќерот и се додаваат измиените и исчистени бобинки од аронија. Оставете сè повторно да зоврие и притиснете ги бобинките со рачен блендер за да се ослободи сокот. Кога сокот ќе зоврие, се вари две минути, се трга од оган и се остава целосно да се излади.
Изладениот сок процедете го во цедалка и варете го уште десетина минути. Во меѓувреме, додадете сок од лимон и сè добро измешајте. Истурете го сокот во стерилизирани стаклени шишиња додека се уште топли, затворете ги и оставете ги на собна температура да се изладат. Потоа чувајте ги на ладно и темно место и користете ги по потреба.