Били Реј Сајрус се зближи со ќерката Мајли Сајрус, по наводната семејна драма.
Пејачот поднесе барање за развод од неговата отуѓена сопруга Фајрроуз, помалку од една година откако парот го прослави својот посебен ден, а обожавателите претходно шпекулираа за нивната врска откако парот престана да објавува еден за друг на социјалните мрежи.
Веста доаѓа откако пејачот сподели слатка порака за Мајли, откривајќи колку е горд на нејзината успешна кариера и сподели стара фотографија. Според TMZ, Били поднел барање за развод на крајот на мај, без некои големи најави за разделба.
Двајцата музичари беа заедно 7 месеци, а причината за разводот се уште не се открива. Фановите мислат дека тоа би можело да има врска со обидот на Били да се поврзе со неговото семејство по гласините за семејна караница по неговиот развод со Тиш Сајрус.
Ова е трет брак на пејачот. Тој претходно беше во брак со Синди Смит од 1986 до 1991 година, а потоа се ожени со Тиш, со која има три деца, Мајли, Брејсон и Ноа. Тиш поднесе барање за развод во април 2022 година, а Били се вери во август истата година.
View this post on Instagram
Били и Фајрроуз се запознаа на снимањето на филмот „Хана Монтана“, а исто така соработуваа во 2021 година.
„Се омажив за овој човек пред 6 месеци. Животот не е секогаш лесен… но сигурно помага кога сопругот ви е и најдобар пријател. Ти благодарам Господе!“ напиша таа на Инстаграм во април 2024 година, пред да биде поднесен разводот.