Ја собирате косата во ПУНЏА ИЛИ ОПАВЧЕ кога СПИЕТЕ? Еве како може тоа да ѝ наштети и кое е најдоброто решение

popara5 декември, 20241min00
6203861571f40784db0a71d30befbda17fca00e6

Начинот на кој се грижиме за нашата коса пред спиење може да има огромно влијание врз изгледот следниот ден.

 

 

За да ја одржите вашата коса да изгледа најдобро, од клучно значење е да не спиете со мокра коса. Затоа, ако се туширате навечер, задолжително исушете ја косата пред спиење, бидејќи спиењето со мокра коса може да предизвика кршење и други оштетувања.

 

Исто така, една од најважните работи што можете да ги направите за да ја заштитите косата навечер е да спиете со „правилна фризура“.

 

Зошто плетенките се најдобри за спиење?

 

Кога станува збор за заштита на вашата коса додека спиете, треба да земете во предвид една важна работа: Дали ја кревате во тесна пунџа или во опавче? Ако одговорот е „да“, треба да ги промените вашите навики. Носењето коса што е затегната на кој било начин ги напрега прамените и може да доведе до кршење или проретчување, пишува The List. Затоа многумина препорачуваат плетенка.

 

– Плетенките не дозволуваат вашата коса да се развлече насекаде и се добар начин за одржување на косата доколку веќе имате бранови. Носењето плетенка во текот на ноќта го намалува триењето помеѓу вашата коса и перницата, што значи дека е одличен начин за борба против кршењето. Плетенките исто така спречуваат заплеткување на косата во текот на ноќта и дури можат да помогнат да се заглави влагата. Носењето плетенка може да ви даде и бранови – едноставна фризура за следниот ден – додека го одржувате и вашето лице чисто. Секако, клучно е да ја плетете додека е сува, а таа да остане опуштена – објаснува фризерот Нунчио Савијано.

 

Алтернатива на плетенки

Ако вашата коса е премногу кратка за плетенка, можете да размислите за извртени прамени. Ова ќе помогне да се намали кршењето, триењето и расцветани краеви. Ако воопшто не сакате да ја врзете косата, веројатно е најдобро да користите свилена капа. Ова ќе ви овозможи да ја оставите косата пуштена, но и да ја држите подалеку од лицето и да ја заштитите од перниците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag