Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ игра во второто коло на Вимблдон, а ривал му е Џејкоб Фернли.
На трибините со децата Стефан и Тара е и сопругата на Новак, Јелена. Малите заедно со нивната мајка го бодреле Новак во текот на целиот натпревар.
Јелена овој пат реши да облече јакна и панталони во беж боја. Под неа се гледа елегантна бела блуза, а целиот стајлинг го украсила со дискретен накит и кафени наочари.
Кога станува збор за шминката, Јелена останува верна на природниот изглед.