Љубовта цветаше, но се случи пресврт: Том Круз раскина со девојката, актерот ги шокираше сите

popara23 февруари, 20241min00
Screenshot_6

61-годишниот Том Круз и неговата 36-годишна нова партнерка, Русинката Елсина Кајрова раскинаа – само неколку дена откако тој ги запозна нејзините деца, пишува „Д сан“.

 

 

 

Иницијатор за разделбата бил самиот Круз: како што известуваат упатените на „Д сан“, тој „изгубил интерес“ за Елсина откако се сретнал со нејзините деца, но што точно не му се допаднало на Том не е познато.

 

Судејќи според социјалните мрежи на Елсина, нејзиниот син има околу 13 години, се вика Тамир, а нејзината ќерка Ева има седум години.

 

И покрај се, Том Круз сакал тој и Елсина да останат пријатели бидејќи живеат во иста станбена зграда во Лондон.

 

„Би било незгодно да се прекине врската на лош начин ако налетаат еден на друг во лифтот“, забележал изворот. „Нема лоши чувства меѓу нив, за Том врската едноставно тргна по друга насока“.

 

За љубовната романсаа на холивудскиот актер со ќерката на рускиот политичар се зборуваше откако беа фатени заедно на забава во Мејфер во декември. Според очевидци, тие биле заедно цела вечер, а самиот Круз изгледал буквално опседнат со својата нова девојка. Една недела подоцна, актерот реши да ја импресионира новата девојка и изнајми цел кат во лондонскиот руски ресторан Новиков, на вечера со својата сакана. Наскоро тие престанаа да ја кријат својата врска од пријателите: се дозна дека се официјално заедно, иако се обидоа да не бидат фотографирани за да ја задржат интимноста.

 

Упатените велат дека Том Круз ја запознал Елсина на една од неговите забави во Лондон, која ја организирал со близок круг на пријатели во неговиот пентхаус на Хајд Парк: на овие настани понекогаш присуствуваат дури и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

 

Елсина претходно беше во брак со рускиот бизнисмен Дмитриј Цветков: тие се разведоа во 2021 година и долго време се судеа за скапиот имот, вклучително и за замокот во Лондон и за уметничките дела. Според Цветков, со кој Елсина има син и ќерка, „таа сака пари и убав живот“, за што тој преку медиумите го предупреди Том Круз.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag