Љубов, мистерија и убиство: На Нетфликс доаѓа серија која би можеле да ја изгледаме во една сесија

popara6 септември, 20241min00
62896914-serija-savrsen-par

Уште едно уживање во форма на мини-серија штотуку пристигна на Нетфликс, а ќе им се допадне на сите оние кои сакаат да гледаат прекрасни кадри проткаени со заплеткана приказна.

Станува збор за американска мистична драмска серија „Совршениот пар“ во која глумат Никол Кидман, Лиев Шрајбер, Дакота Фенинг и Ив Хјусон.

Станува збор за адаптација на истоимениот роман на Елин Хилдербранд од 2018 година, а јавноста веќе извесно време е нетрпелива бидејќи критичарите велат дека ова би можело да биде една од оние серии што ќе ги гледаме во една сесија.

Серијата ја следи Амелија Сакс (Ив Хјусон), невеста која се омажила за едно од најбогатите семејства на Нантакет.

Мајката на младоженецот, Грир Гарисон Винбери, која ја игра Никол Кидман, сака сè да биде совршено, па не штеди трошок за венчавката, но таа бајка ја прекинува немил настан – мртво тело се појавува на плажата, а се појавуваат сомнежи со него. На почетокот, претстојната серија многумина потсети на хит серијата White Lotus, па можеме да заклучиме дека ќе биде тензично.

Како што се појавуваат тајните, започнува истрага во која никој не е невин. Совршениот пар е мистерија со убиство што се случува на 4 јули на островот Нантакет. Сочна, елегантна и малку сензуалната мистерија е проникната со љубовни приказни.

Замислете го ова: Нантакет. Лето. Убаво време. Нашата хероина е длабоко вљубена и ќе се омажи за нејзиниот идеален маж, згоден и од исклучително добро ситуирано семејство (всушност, најбогатото семејство на островот).

Но, кога ќе се разбуди утрото на денот на нејзината венчавка, пронајдено е тело како лебди во пристаништето. Наместо да присуствуваат на свадбата на годината, сите гости сега се осомничени. Вистинските љубители на криминалот и романтиката би можеле да уживаат во новата серија, пишува на официјалниот портал на Нетфликс, Тудум.

Серијата Совршен пар на Нетфликс пристигна на 5 септември.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma