Ќерката на Бред Пит јавно објави дека го отстранува неговото презиме: Направи ШОК ПОТЕГ за кој ни Анџелина не знаела

popara21 јули, 20241min00
Screenshot_2

Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, Шајло Џоли-Пит, продолжува со барањето официјално да го отстрани презимето на нејзиниот татко, а сега дала и соопштение во весникот „ЛА Тајмс“. Инаку, соопштението во весник е стандарден чекор пред судот да одобри законска промена на името.

 

 

 

 

Шајло Џоли-Пит ангажирала и платила свој адвокат кога го поднела барањето за промена на презимето на својот 18-ти роденден во мај. Во барањето што таа го поднела се вели дека сака да го смени своето име од Шајло Нувел Џоли-Пит во Шајло Нувел Џоли, според известувањето во весникот што го добило американскиот портал ТМЗ.

 

Во известувањето се наведува и дека секој кој има забелешки на барањето треба да се појави на суд кон крајот на овој месец.

 

Извор близок до случајот минатиот месец изјави за „Дејли мејл“ дека нејзината мајка Анџелина Џоли немала апсолутно никакво влијание врз оваа одлука.

 

„Шајло ангажираше свој адвокат и сама го плати, а Анџелина не знаеше за тоа и не можеше да влијае на неа на никаков начин“, рекол изборот близок до познатото семејство и додал:

 

„Ако прашувате дали ова е поврзано со историјата на злоупотреба што се случила од страна на нејзиниот татко Бред Пит, да, тоа е дел од тоа“, рекол изворот.

 

Како што пренесуваат странските медиуми, неговите други деца, Вивиен, Захара и Медокс, Пакс и Нокс, чие старателство го дели со поранешната сопруга Анџелина Џоли, исто така, наводно, не го користат презимето Пит, иако не поднеле барања за законски промена на името.

 

Анџелина Џоли и Бред Пит беа во брак пет години пред таа да поднесе барање за развод во 2019 година. Покрај биолошките деца Шајло, Вивиен и Нокс, парот има уште три посвоени деца – Медокс, Пакс и Захара.

 

Нивната семејна заедница заврши со бурно несогласување и битка за старателство, а нивните деца се чини дека застанаа на страната на мајката, што дополнително ги заостри односите со нивниот татко. Меѓутоа, неодамна во јавноста се појавија сведоштвата на телохранителите, кои тврдат дека Анџелина Џоли намерно и смислено се обидела да ја „затруе врската на своите деца“ со нивниот татко Бред Пит, сугерирајќи им да го избегнуваат кога ќе доаѓа да ги посетува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag