На почетокот на овој месец, Џесика Алба имаше премиера на нејзиниот нов филм – акционен трилер наречен Trigger Warning, во кој таа ја игра главната улога. Нејзините две ќерки – Онор и Хејвен – дојдоа да ја поддржат на премиерата.
Џесика Алба ги сврте главите на премиерата на филмот Trigger Warning во Лос Анџелес во црн полупроѕирен фустан кој ги истакна нејзините женствени адути.
Нејзините ќерки – 16-годишната Онор и 12-годишната Хејвен – ѝ се придружија на црвениот тепих. И двете млади дами носеа фустани позајмени од гардеробата на нивната мајка.
Онор избрала мини фустан од Прада што мајка ѝ го носеше на премиерата на „Valentine’s Day“ во февруари 2010 година во Лондон.
Бидејќи Џесика во тоа време се бореше со студената англиска зима, го комбинираше со дебели црни најлонки и сини чизми.
Летото во Лос Анџелес ѝ дозволи на Онор да го спои само со црни чевли на високи потпетици и некој младешки накит.
За оваа прилика, помладата ќерка на Алба, Хејвен, избра тексас фустан од италијанското дуо Доменико Долче и Стефано Габана, кој нејзината мајка го носеше на Comic Con во Сан Диего во 2007 година пред да го роди своето прво дете.
Џесика Алба го носеше овој фустан со златни мокасини пред 17 години, додека Хејвен претпочиташе модел на црни сандали со потпетици.
„Обожавам да ги гледам моите девојки како носат некои од моите архивски парчиња и им даваат свој печат“, признала гордата актерка на својот Инстаграм.