Англиската актерка Флоренс Пју се прослави како ѕвездата на „Црна вдовица“, „Малите жени“, „Лејди Магбет“, „Мидсомер“, но во последните месеци најголема слава уживаше со улогата во филмот „Опенхајмер“, кој доби Оскар за најдобар филм.
На 96. доделување на Оскарите „Опенхајмер“, Килијан Марфи и тимот што работеше на филмот апсолутно доминираа, а убавата Флоренс Пју избра ултрамоќно издание за ѕвездената ноќ.
И гламур и уникатност – таа го донесе сето тоа!
Имено, убавата актерка носеше креација која беше сошиена специјално за неа, со потпис на миланскиот бренд Del Core.
Станува збор за тоалета со проѕирно елече, украсено со мали бисери кои ги имитираат капките создавајќи ефект на влажен фустан, а сето тоа е комбинирано со прекрасно свилено здолниште.
Флоренс носеше платформи од луксузниот бренд Piferi, а се беше комплетирано со дијамантско ѓердан од Булгари кој личи на змија.
Со разбушавен боб и панк глам стил, се беше совршено!