Ќе почувствувате драстична разлика! Намирници кои ја подобруваат меморијата

popara12 февруари, 20241min00
Screenshot_4

За овие девет типови на храна истражувачите сметаат дека имаат улога во одржувањето на тонусот на целото тело – вклучително и вашиот мозок.

 

 

 

 

Маслиново масло

 

Статистиките ги поддржуваат типовите на храна кои се богати со витамин Е, вклучително и растителните масла, семињата, оревите, путерот од кикирики и зрнестите намирници. Користа потекнува само од храната, а не и од суплементите.

Моќниот антиоксидант – витаминот Е, може да помогне во заштитата на невроните. Кај Алцхајмеровата болест, невроните во одредени делови од мозокот изумираат, со што започнува каскада на настани кои водат до когнитивно пропаѓање (детериоација).

 

Риба

 

Лосос, крап, туна и останатите видови на риби се богати со омега 3 масни киселини, како и ДХА (докосахексеноична киселина). Се верува дека ДХА е мошне важна за мозокот и функционирањето на невроните.

 

Јадењето повеќе риба значи внесување на помалку црвено месо и останати форми на протеини кои се високо-ризични за развивање на масни депозити во артериските крвни садови.

 

Зеленo-листест зеленчук

 

Брокулите, спанаќот, кељот и прокељот се одлични извори на витамин Е.

 

На пример, една порција на свеж спанаќ сочинува 15% од вашиот дневен внес на витамин Е.

 

Сe уште не е докажано како фолатите го заштитуваат мозокот, но се смета дека намаленото ниво на амино киселината позната како хомоцистеин игра голема улога во тоа. Високото ниво на хомоцистеинот може да предизвика смрт на нервните клетки во мозокот, но фолната киселина помага во неговата разградба.

 

Високи нивоа на хомоцистеин исто така се поврзани со зголемен ризик од срцеви болести.

 

Авокадо

 

Авокадото е богат извор на антиоксиданси и витамин Е. Според истражувањето, храната богата со витамин Е – вклучително и авокадото, што исто така е богато со витамин Ц, е асоцирано со намален ризик од развој на Алцхајмерова болест.

 

Семки од сончоглед

 

Семките од сончогледот се богат извор на витамин Е. Една рака суво испечени семки од сончоглед содржат 30% од вашата препорачана дневна доза од витамин Е. Додадете ги на вашата салата и „освежете“ го вашиот мозок.

 

Кикирики и путер од кикирики

 

Иако и двата типа се богати со масти, тие се солиден извор на здрави маснотии. И кикириките и путерот помагаат во одржувањето на здравјето на срцето и на мозокот.

 

Црвено вино

 

Студиите покажале дека лицата кои консумираат умерени количини на црвено вино и останати типови на алкохол може да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест. Лицата кои консумираат алкохол во умерени количини и се хранат здраво, може да бидат поздрави од оние кои не консумираат воопшто, па е тешко да се одреди дали здравата диета е онаа која ги заштитува од здравствените проблеми, или пак останатите здравствени навики.

 

Капини

 

Според последното истражување презентирано на Националниот собир на Американското друштво на хемичари, капините, малините и јагодите може да помогнат во намалувањето на ризикот од когнитивната детериоација што нормално се развива прогресивно со текот на годините. Овој механизам помага во ослободувањето на токсичните метаболити кои се поврзуваат со возрасно-асоцираниот губиток на меморијата.

 

Мешункасто овошје

 

Зрната кои се богати со влакна се интегрален дел на медитеранската диета, која исто така е составена од овошје, зеленчук, зрнести овошја и семиња, маслиново масло и црвено вино.

 

Истражувачите од медицинскиот центар – Колумбија во Њујорк, покажале дека овој тип на исхрана се поврзува со намален ризик од мали когнитивни нарушувања кои може да прогредираат во Алцхајмерова болест.

 

Овој вид на диета го намалува воспалението, оксидативниот стрес, и останатите васкуларни ризични фактори, како и високиот крвен притисок.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag