Џенифер Анистон откри што најмногу мразела Лиса Кудрои додека снимале „Пријатели“

popara9 јуни, 20241min00
US-GOLDEN GLOBES/FRIENDS

Популарниот ситком беше снимен пред публика во живо, што и овозможи на актерската екипа подобро да почувствува како јавноста ќе реагира на нивниот хумор. Но, изгледа дека не сите ѕвезди од серијата биле љубители на таквиот начин на работа.

„Лиса мразеше кога публиката се смееше. Таа велеше: „Не сум готова. Ова не ни беше толку смешно!“, изјави Анистон во интервју за Variety.

Анистон тврди дека најдоброто нешто што го создале Friends е фактот што актерите и денес се во добри односи, пренесува Index.

“Се гледаме. Мислам дека тоа е еден од најголемите подароци за сите нас. Станавме семејство“, додаде таа.

Серијата Пријатели се снимаше од 1994 до 2004 година. Премиерната епизода беше емитувана на 22 септември 1994 година, а последната епизода на 6 мај 2004 година. Вкупно 236 епизоди беа емитувани во 10 сезони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma