Пејачката и актерка Џенифер Лопез не престанува да изненадува со своите најави и појавувања на различни настани.
Иако сè уште емотивно се опоравува од разводот со Бен Афлек, со кого очигледно љубовта не им е судена, Џенифер не дозволува да „потоне“.
Веќе неколку пати можевме да заклучиме дека таа инсистира на „одмазднички“ изданија и дека пораката за Бен е јасна: „Еве што губиш“, но некои би рекле дека токму тоа и требало и дека се враќа „старата Џеј Ло“.
Овој пат таа отиде чекор понатаму во однос на стајлингот. Џенифер е личност која има и подеми и падови на настани и црвени теписи, а во последно време нејзиниот стилист точно знае што прави. Таа блеска во црн светкав фустан, но далеку од обичен.
Џенифер носеше фустан кој нагласува сѐ – од половината, до ризичното деколте, целосно голиот грб и високиот шлиц. Така, таа целосно ѝ се препушти на сексапилноста.
За уште повеќе да одекне, Џеј Ло се фотографирала во овој фустан, со уредна коса и шминка и со високи потпетици, во кујната додека, наводно, си подготвувала оброк по „лудата ноќ“ на забава.