Кога не е на црвениот тепих, и Џенифер Лопез сака да ги извршува секојдневните обврски облечена во најудобните модни комбинации.
Таа носеше удобно издание кога фотографите ја фатија додека пие кафе и купува слатки во Лос Анџелес.
Актерката и пејачка беше облечена во бел предимензиониран џемпер со малку подигната јака и широки ракави.
Таа го спои со сини широки фармерки кои редовно предизвикуваат поделеност на жените, но нивната удобност не може да се оспори.
Кога станува збор за обувките, таа посегна по опција која моментално е многу популарна на нашите улици.
Таа носеше Ugg чизми, беж модел со платформа која беше меѓу омилените во последните неколку сезони.
Изданието го комплетираше со една од Birkin чантите од нејзината богата колекција.