Џенифер Лопез и Бен Афлек беа снимени по средбата во вилата, нивните мрачни лица зборуваа погласно од зборовите

popara17 јуни, 20241min00
Џенифер Лопез и Бен Афлек

Гласините за развод се уште не стивнуваат, а не одат во прилог ниту најновите фотографии направени минатиот викенд.

Откако минатиот викенд поминаа неколку часа заедно во нивната палата вредна 60 милиони долари, за чија продажба во последно време многу се пишуваше во медиумите, Бен Афлек (51) и Џенифер Лопез (54), продолжија да се дружат во куќата на Афлек во Брентвуд, кој се издава со месеци. Но, тие не биле сами, пренесува Page Six. Наводно таму била поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер (52), но други детали не се познати. Според пишувањата на медиумите, Лопез повеќе не може да го спасува бракот со актерот.

„Џени навистина се трудеше, но веќе не може, не се подобрува, туку се влошува“, рекол извор близок до парот.

Да потсетиме, гласините за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек станаа се погласни откако неодамна во јавноста стигна информацијата дека агентот Сантијаго Арана од „The Agency“, една од најдобрите компании специјализирани за продажба на луксузни недвижности,ја презел продажбата на нивниот дом во Беверли Хилс. Дека вилата што ја купија пред една година беше на продажба, беше објавено минатата недела кога беше огласена од агенцијата Zillow на страниците на луксузните куќи достапни за купување. Цената на луксузниот дом на холивудската двојка е 65 милиони долари, а се работи за затскриен имот од 6 хектари. На плацот има главна зграда со 17 спални соби, гостинска куќа, гаражи за 15 автомобили, паркинг за до 80 возила и отворен спортски комплекс со кошаркарско игралиште, теретана и боксерски ринг. Имотот има бар на отворено и базен со импресивни димензии, пишува Daily Mail.

Свој печат на работата оставија и приватните проблеми низ кои моментално минуваат Бен Афлек и Џенифер Лопез. Всушност, Џенифер требаше да оди на турнејата „This Is Me… Live“ во јули, но од тоа нема ништо, како што и самата потврди. „Целосно сум со скршено срце и уништена што ве разочарав. Ве молам знајте дека не би го направила ова ако не чувствувам дека е апсолутно неопходно. Ветувам дека ќе ви возвратам и сите повторно ќе бидеме заедно. Ве сакам  до следниот пат“, рече уништената Лопез во објавата. Неодамна таа го промовираше и новиот филм „Атлас“, додека Бен го снима својот нов филм „Сметководител 2“. Тие веќе некое време живеат одвоено, но се уште се гледаат и се во контакт, иако неколку пати беа видени без бурмите на рацете. Времето ќе покаже дали навистина дошол крајот на нивниот брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma