Џенифер Лопез откри зошто на неа и на Бен Афлек им биле потребни 18 години да бидат повторно заедно

popara16 февруари, 20241min00
Џенифер Лопез и Бен Афлек

Познатата актерка и пејачка, во пресрет на објавувањето на нејзиниот нов студиски албум, зборуваше за австралиските медиуми и откри дека никогаш не ни помислувала дека повторно ќе се зближи со актерот кого го нарекува најголемата љубов во нејзиниот живот.

Џенифер Лопез ја отвори душата за австралиските медиуми и во радио емисијата „The Kyle & Jackie O“ откри зошто на неа и на Бен Афлек им биле потребни речиси дваесет години повторно да се поврзат. И признала дека пред повторно да се сретнат, никогаш не ни помислила дека нивната љубов може да се обнови. Да потсетиме, по раскинувањето во 2004 година, парот повторно е заедни од 2021 година, а се венчаа во јуни 2022 година.

„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од различни причини моравме духовно да разделиме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имавме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: „Добро,она меѓу нас се случува еднаш во животот. И кога одлучивме повторно да бидеме заедно едноставно не можев да верувам. И знам дека и тој. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката која првпат започна врска со Бен Афлек во 2002 година, а раскина во 2004 година само неколку дена пред закажаната венчавка.

Но, како што деновиве призна Џенифер, освен медиумскиот притисок, голема улога одиграла и нивната младост и незрелост. „Кога си млад, сè земаш при срце, се ти изгледа многу важно и постојано мислиш дека некој нешто ќе ти украде. Се грижите што другите мислат за вас и мислите дека е важно, но кога ќе пораснете и ќе поминете низ некои животни лекции, сфаќате дека – не е така. Не во смисла дека навистина не ми е гајле што мислат или велат другите луѓе, но денес сум толку уверена што ништо не може да ме исфрли од колосек“, истакна таа.

Истата година кога парот се раздели, Џенифер најде утеха во прегратките на музичарот Марк Ентони, со кој ги роди денешните 15-годишни близнаци Макс и Ема. Истата година, Бен Афлек се зближи со актерката Џенифер Гарнер, со која се ожени во 2005 година, парот имаше три деца, а тие се разделија десет години подоцна.

„Кога се разведов, некако започна друга фаза од мојот живот, обидувајќи се да се разберам себеси и односите. А кога се помирив со ситуацијата и сфатив дека сум добро со себе, дека го сакам мојот живот, до моментот кога вселената ќе ви се отвори и ќе ви каже дека сега сте спремни“, изјави пејачката која по повеќе од 10 години, на 16 февруари ќе го објави новиот студиски албум наречен „This Is Me… now”, што во голема мера е инспирирано од нејзината обновена романса и брак со Афлек.

Во исто време, на платформата за стриминг Amazon Prime ќе започне да се прикажува филмот „This Is Me… Now: A Love Story“, кој ги опишува нејзините подеми и падови во нејзиниот љубовен живот. Таа, се разбира, е во главната улога, а музичкиот филм ја прикажува како непоправлива романтичарка.

„Филмот не е автобиографски, но дефинитивно е инспириран од некои настани од мојот живот, како и од животот на луѓето кои ми се блиски. Секако, тоа е безнадежно романтично патување низ животот во потрага по љубов“, објаснила Џенифер која сама го финансирала целиот проект за кој и биле потребни 20 милиони долари. Нема сомнение дека таа верува во него, како и во нејзината нова љубов со Бен Афлек.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag