54-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез повеќе не крие дека во бракот со Бен Афлек настаната е многу длабока криза. Таа почна да посветува повеќе време на своите деца и редовно доаѓа на социјални настани. Исклучок не беше ниту вечерата во ресторанот Џорџо Балди за време на викендот во Санта Моника, Калифорнија, пишува „Just Jared“.
За оваа пригода, Лопез избра долг кремаст проѕирен фустан со висок шлиц од страна и лелеави ракави што ја следеше нејзината топ фигура. Како додаток, уметницата избра чанта што одговара на нејзиниот аутфит, а изгледот го комплетираше со сандали на висока платформа и обетки во кружна форма.
Фановите забележаа дека пејачката продолжува да носи бурма,за разлика од Бен кој веќе ја отстрани бурмата од прстот.