Британската актерка Џоан Колинс не престанува да ги воодушевува своите фанови. Ѕвездата со своите бројни следбеници на социјалните мрежи покажа колку забавно го поминува времето во Франција, на Азурниот брег.
Во видеото ко го постираше, холивудската актерка кај нас особено позната по популарната тв-серија Династија, заедно со нејзиниот сопруг Перси Гибсон и пријателите се возат на јахта, пијат коктели и нуркаат во морето.
ОБЈАВАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
„Прекрасен ден со прекрасни пријатели на прекрасна јахта! Ви благодариме Џојс Рубен!“ -напишала Колинс во својата објава.
91-годишната Џоан изгледа сензационално во летни модни комбинации. Во првото видео таа е претставена во кратки бели шорцеви кои ги искомбинирала со бел и син топ без прерамки. Ѕвездата на „Династија“ го комплетираше изгледот со свилена цветна марама околу главата и големи очила за сонце со бела рамка. Актерката носи розов кармин и има бисерен маникир.
Покрај тоа што Џоан сака да патува, таа е и грижлива мајка за нејзините три деца: Катја Кас (52 години), Александар Њули (51) и ќерката Тара Њули (60). И покрај фактот дека тие ретко се гледаат на заеднички фотографии, на почетокот на овој месец Колинс и нејзините три деца уживаа на семеен одмор задно на југот на Франција. На крајот од патувањето, актерката сподели прекрасна серија фотографии.