Џон Траволта нижеше големи филмски успеси, но во приватниот живот ги доживеа најголемите трагедии

popara19 февруари, 20241min00
Џон Траволта

На почетокот на февруари актерот пристигна во Италија, каде што гостуваше на “Sanremo” фестивалот, а и тогаш изненади многумина со својата животна енергија, па малкумина би помислиле дека наполни ни помалку ни повеќе 70 години.

Откако пред десет дена покажа дека се уште е во одлична форма и ја забавуваше публиката во Санремо со своите танцови потези, легендарниот холивудски актер Џон Траволта се врати во Америка за да го прослави својот јубилеен роденден, 70-тиот роденден, со семејството на 18 февруари. Судејќи по енергијата која никогаш не го напушта, малкумина би рекле дека славниот актер навлезе во осмата деценија од својот живот, која ја одбележаа големи филмски успеси, но и трагедии.

Џон Траволта е роден во 1954 година во Њу Џерси, каде што пораснал со неговиот татко Салваторе и мајката Хелен и петте браќа. Се прослави со улогите во филмовите „Брилијантин“ и „Саботна треска“, за кои беше номиниран за Оскар за најдобар актер. По тие филмови кариерата му тргна надолу и во таа криза дури ги одби улогите во филмовите „Американски Жиголо“ и „Офицер и господин“, кои станаа кино хитови, а одбиените улоги ги прифати Ричард Гир.

Неговата кариера оживеа со улогата на Винсент Вега во филмот на Квентин Тарантино „По ѓаволите“, за што е неизмерно благодарен на славниот режисер. “Луѓе многу поинтересни од мене беа заинтересирани за улогата. Но Квентин ја стави својата кариера на линија и одби да го сними филмот без мене”, признал актерот еднаш.

Траволта повторно беше номиниран за Оскар за најдобар актер за улогата во „По ѓаволите“, но го пропушти оскарот.Додека пак Златниот глобус,го освои за најдобар. Наскоро би требало повторно да се најде на големото платно, бидејќи во 2023 година беше најавено дека ќе глуми во филмот „Атентат“, кој ја раскажува приказната за атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди во 1963 година.Покрај него треба да глумат и Ал Пачино и Виго Мортенсен, но сè уште не се знае кога почетокот на снимањето.

Но, она што е познато е дека животот на Траволта го одбележаа и големи трагедии, а една од нив беше и смртта на неговиот син. Познатиот актер еднаш во интервју со Бери Норман за Би-Би-Си призна дека тоа било најлошото нешто што му се случило во животот. Џет Траволта почина во 2009 година на 16-годишна возраст, боледувал од Кавасаки болест, системски васкулитис кој ги зафаќа коронарните артерии и доведува до аневризми, се борел со невролошки испади поврзани со аутизам, а додека бил во бањата се лизнал и ја удрил главата на подот. Доцна пристигнал во локалната болница и немало начин да го спаси.

image

„Губењето дете е ноќна мора на секој родител, тоа е најлошото нешто што ми се случило во животот. Искрено, не бев сигурен дали ќе го преживеам тоа или не“, признал актерот подоцна и открил дека скиентологијата многу му помогнала во неговото закрепнување. „Засекогаш ќе и бидам благодарен на Скиентолошката црква што ме поддржуваше цели две години, буквално од понеделник до недела, и ми помогна да ја пребродам болката од губењето дете“, рече актерот, кој е во брак со Кели Престон од 1991 година. Неговиот живот му зададе нов удар пред неполни четири години кога неговата сакана сопруга, со која има уште две деца: 23-годишната ќерка Елен Блу и 13-годишниот син Бенџамин, почина по долго и тешко боледување. .

Љубовната приказна на Џон Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон е една од најубавите, но и најтажните во холивудската фабрика за соништа. Тоа не беше љубов на прв поглед, но траеше помалку од 30 години, се до прераната смрт на Кели Престон, која почина во 2020 година како последица на малигно заболување,секогаш заедно си ги решаваа проблемите, секогаш кога ќе се појавеа и изгледаа непремостливи.

Џон Траволта и Кели Престон се запознаа во 1988 година на снимањето на комедијата „Експертите“, во која тие беа ѕвезди. Кели тогаш се опоравуваше од неуспешниот брак со колегата Кевин Гејџ и беше мета на додворување на еден од најшармантните холивудски заводници, Џорџ Клуни. Во такво соѕвездие, Џон Траволта решил да ја чека својата прилика и ја добил две години подоцна. За својата венчавка го избраа луксузниот париски хотел де Крилон, а по враќањето од градот на љубовта организираа свадбена прослава за своите пријатели во Дејтон бич, Флорида.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag