Џон Траволта трогателно одбележа уште еден Ден на мајката без саканата сопруга: „Ни недостасуваш“

popara13 мај, 20244min00
m_26523077_1280

Филмската легенда Џон Траволта оваа година на Денот на мајката се сети на својата прерано почината сопруга Кели Престон. Иако поминаа четири години од смртта на американската актерка, тој сепак ѝ посветува трогателна објава одвреме навреме. Така беше и по повод Денот на мајката, а 70-годишниот актер објави неколку емотивни семејни фотографии. “Среќен ден на мајката. Те сакаме и ни недостигаш”, напиша актерот, кој беше во брак со Престон од 1991 година.

Заедно имаа три деца, но нивниот заеднички живот воопшто не беше лесен. Семејната трагедија, загубата на нивниот син Џет, кој почина во 2009 година, тешко ја поднесуваа Кели и Џон, но без оглед на сите проблеми што ги снашле, тие се држеа заедно и некако успеаја да продолжат понатаму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Нивната љубов траеше до јули 2020 година, кога актерката почина на 58-годишна возраст, како последица на битка со ракот на дојката. Имено, Престон неколку години боледувала од рак, но малкумина знаеле за тоа. Веста за смртта на сопругата ја објави самиот Траволта на својот Инстаграм профил.

image

“Со скршено срце ве известувам дека мојата убава сопруга Кели ја загуби двегодишната битка со ракот на дојката. Таа храбро се бореше со љубовта и поддршката на многумина. Никогаш нема да ја заборавиме нејзината љубов и живот. Ќе поминам некое време со нашите деца кои ја загубија својата мајка, па ве молам простете ми ако не слушнете од мене некое време, знајте дека ја чувствувам вашата љубов во неделите и месеците што претстојат додека се обидуваме да си ги залечиме раните“, напиша актерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag