100 денари и 10 минути: Сами направете миризлив течен детергент за перење

popara14 ноември, 20241min00
676

Станува збор за течен детергент за чија подготовка ќе потрошите 10 минути и приближно 100 денари по литар.

 

 

Добро пере, убаво мириса, алиштата се меки, не е потребно посебно плакнење, кожата повеќе не ве чеша, а не загадуваме речиси ништо, брзо е и ефтино.

Состојки:

1 парче марсејски сапун или друг природен сапун од билки – ситно изрендан

3 литри врела вода (загреана на шпорет – не треба да врие) – полека измешајте го ренданиот сапун во водата

Кога ќе се растопи додадете:

1 лажица сода бикарбона – измешајте да се раствори

Потоа, додека е уште топло, истурете го во пластичен сад во кој има доволно простор за удобно мешање (од непозната причина, средството се стврднува како камен во чаша или друг стаклен сад!), ставете го садот на студено место и мешајте повремено за да не се стегне премногу.

Кога ќе се олади додадете:

20-30 капки есенцијално масло (мирис по желба) – и тоа е се!

Алиштата се мијат многу добро, а ако сакате да бидат помеки, можете да додадете една лажичка оцет – но веројатно го намалува ефектот на сапунот и сода бикарбоната бидејќи се алкални – па можеби е подобро да ставите во водата за плакнење.

Мириса како што некогаш не мирисало, ја спасувате природата и штедите уште повеќе, пренесува „Atma.hr“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag