Шеќерот се наоѓа во поголемиот дел од намирниците и полупроизводите и се користи за да го зајакне вкусот на одредена намирница.
Овојпат ќе ви ги претставиме 12-те алармантни знаци дека во вашето тело претерано внесувате шеќер.
Тоа се следните знаци:
- Постојано сте гладни – многу брзо по оброкот вие огладнувате;
- Често мокрење – работата на бубрезите е пореметена поради големата количина шеќер во вашиот организам;
- Се чувствувате жедно;
- Драматично губење на килограмите – без диети или пак промена на начинот на исхрана;
- Хроничен умор;
- Сува кожа;
- Зголемени инфекции во телото;
- Зголемена дистракција;
- Раздразливост без причина;
- Проблеми со видот;
- Раните тешко ви зараснуваат;
- Развој на импотенција.
Доколку ги имате сите овие симптоми, не е доволно само да престанете да консумирате шеќер, туку мора да го смените начинот на исхрана и животниот ритам.
Пред сè, консултирајте се со вашиот доктор поради детален преглед и препорака за мени за исхрана.