Обрнете внимание и на количината што ја земате.
Оралната хигиена е многу важна за секој човек, а поради разновидноста на храната се случува здивот да ни биде многу лош поради некои намирници, а тоа воопшто да не го сакаме.
Така, оставаме впечаток дека не се грижиме доволно за себе и за своето здравје.
Стоматологот Харолд Кац објасни кои се видовите на храна по чие консумирање можеме да ни мириса лошо здивот, пишува „Medik forum“.
Прв тип: Производи со сулфур
Оваа група на храна вклучува и кромид, лук и кари, кои се богати со испарливи сулфурни соединенија. Тие остануваат во устата заедно со микрочестички храна или се фрлаат од желудникот во хранопроводникот. Четка за заби, гума за џвакање без шеќер или средство за плакнење уста може да го реши овој проблем – но само привремено.
Втор тип: протеински производи
Ова ги вклучува месото, гравот и млечните производи, кои се „омилени извори на храна за бактериите во устата“, според стоматолозите. Колку е поголема концентрацијата на протеини во производот, толку поинтензивен може да биде непријатниот мирис. Протеинот е извор на амино киселини, кои под влијание на анаеробни бактерии се трансформираат во испарливи сулфурни соединенија.
Трет тип: кисела храна и пијалоци
Овие производи имаат негативен ефект врз оралната слузница и придонесуваат за нарушување на киселинско-базната рамнотежа. Како резултат на тоа, бактериите кои придонесуваат за непријатниот мирис почнуваат поактивно да се размножуваат.