Ментално силните луѓе ги гледаат проблемите како привремени, специфични и надминливи, и токму тука лежи нивната издржливост.
Нема сомнеж дека луѓето се многу различни. Додека има такви на кои секој проблем им е „непремостлив и голем како куќа“, има и такви кои се мирни и ментално силни, па многумина се прашуваат како станале такви и која е нивната тајна.
Психотерапевтите Јелена Станивуковиќ и Давид Рамадани го објаснија ова подетално:
– Менталната отпорност е способност на поединецот ефикасно да се соочи со предизвиците, стресот, промените или притисокот во животот. Оваа еластичност вклучува приспособливост, емоционална сила и способност да се отскокне од неволја, како „ментален мускул“ што може да се развие и зајакне. Ментално еластичните луѓе не само што се опоравуваат од препреките, туку често ги користат овие предизвици како можности за личен раст и развој – истакнуваат психотерапевтите и ги откриваат најважните тајни на ментално силните луѓе:
Најважната карактеристика на ментално силните луѓе е нивната способност да ги гледаат проблемите како:
1. Привремени
2. Специфични
3.Надминливи
Привремени
Проблемот/тешкотијата се случува сега, во овој момент, не значи дека ќе биде така засекогаш. Тешките времиња доаѓаат и си одат.
Специфични
Проблемот и тежината се однесуваат на еден специфичен сегмент (или неколку сегменти). Тоа не значи дека се во животот на човекот е лошо и проблематично.
Надминливи
Верувањето дека постои начин да се надмине тешката ситуација, дека може да се најде решение за да биде подобро. Ако веруваме дека не може да биде подобро, нема ни да се обидеме да направиме нешто.