5 знаци дека сте зависни од секс

popara16 октомври, 20241min00
Screenshot_1

Ако го сакате сексот не значи дека сте зависник од него. Зависноста од секс подразбира однесување со негативни последици за вас и луѓето во вашиот живот, односно неконтролирање на сексуалното однесување.

 

 

 

 

Докторката Елен Хендриксен за Independent откри неколку знаци кои покажуваат дека сте зависник од секс.

 

  1. Нескладност

 

Ако вашиот сексуален живот се совпаѓа со секојдневните активности, односно е во склад со вашиот карактер и секојдневното однесување тоа значи дека немате проблеми. Но, ако сексот ви смета во секојдневните активности, тогаш можеби имате проблеми.

 

  1. Недостиг на контрола

 

Ако понекогаш чувствувате многу силна потреба за секс така што не можете да се контролирате и вашите нагони бараат итно задоволување, без разлика на можните последици по здравјето, тогаш имате проблем.

 

  1. Компулсивен нагон

 

За многу зависници од секс карактеристично е тоа што ги исполнуваат нагоните за да се чувствуваат помалку лошо. Ако имате чувство на немоќ и недостиг на самодоверба без секс, тогаш можно е да имате проблеми.

 

  1. Зависност од чувството

 

Исто како и зависниците од дрога, така и зависниците од секс имаат одредена граница која мора да ја достигнат за да почувствуваат задоволство. Така, некои од нив можат да се впуштат во сексуално ризично однесување за да почувствуваат истото чувство како некогаш.

 

  1. Дисфункција

 

Сексуалната зависност е уникатна по тоа што за разлика од другите зависности, бара друга личност. Тоа значи дека зависниците од секс користат други личности како предмет на задоволување на личните потреби, поради што често создаваат или се во дисфункционални врски.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag