50 Сент и Еминем предизвикаа гласини за снимање заеднички албум: „Тоа би било одлично“

popara28 декември, 20241min00
b_241228067

Раперите 50 Сент и Еминем неодамна предизвикаа гласини во медиумите за снимање на заеднички албум.

Иако гласините за заеднички албум се шират со години, Еминем во едно од неговите последни интервјуа изјави дека е отворен за снимање албум со 50 Cент, а набргу потоа се огласи и самиот рапер.

„Тоа би било одлично. Само треба да престанеме да се шегуваме и само да го направиме тоа“, рече Еминем.

Откако неговата изјава се прошири низ медиумите, се огласи и 50 Cent, кој нагласи дека прво мора да ги заврши закажаните настапи во Лас Вегас.

„Изгледа дека сепак ќе се вратам во студио, но прво морам да ги завршам настапите во Вегас“, изјави 50 Cent на социјалните мрежи.

Инаку, оваа година Снуп Дог и Др. Дре ги поканија Еминем и 50 Сент да гостуваат на нивниот албум „Missionary“, додека соработуваа на песната „Gunz N Smoke“.

Дополнително, 50 Cент и Еминем претходно соработувале на бројни проекти и песни како што се „Patiently Waiting“, „Crack a Bottle“, „Don’t Push Me“ и многу други.

Информациите за можноста за снимање на нов албум ги воодушевија обожавателите, а бидејќи 50 Сент ги завршува своите настапи во Лас Вегас на 4-ти јануари, многумина очекуваат раперите наскоро да започнат со снимање на албум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag