Потребно е:
200 гр брашно
100 гр путер
70 ml вода
100 гр сланина
100 гр шунка
100 гр полутврдо сирење
4 јајца
100 мл кисела павлака
кисели краставички
малку сол
Подготовка:
Шунката и сирењето исечкајте ги на коцки, а сланината на помали ленти. Додадете го брашното во солта, а потоа додадете го путерот исечкан на коцки. Со раце измешајте го путерот со брашното додека не добиете лесно тесто. Истурете вода и замесете мазно тесто. Расукајте го во круг малку поголем од дијаметарот на плехот, префрлете го во плехот и подигнете ги рабовите до ѕидовите на калапот. Потоа малку избоцкајте го тестото со вилушка. Пропржете ја сланината и наредете ја врз тестото заедно со краставиците и шунката. Измешајте ги јајцата и павлаката, па изматете со вилушка и прелијте ја со питата. Печете го кишот околу 15 до 20 минути, односно додека не порумени, на температура од 200 до 220 степени.