6 СИМПТОМИ НА СРЦЕВ УДАР КАЈ ЖЕНИТЕ Често ја мешаат болката со други состојби

popara30 мај, 20241min00
Screenshot_2

Срцевиот удар е еден од главните причини за рана смрт во модерниот живот. За жал, оваа болест обично напаѓа без никакво предупредување, но сепак постојат неколку знаци што нашето тело ни ги испраќа моменти пред трагедијата, што мора да научите да ги препознавате доколку сакате да си ја зголемите шансата за преживување.

 

 

 

 

  1. Болка во грбот, вратот, вилицата и рацете

Овие знаци можат да бидат збунувачки, бидејќи срцевиот удар најчесто се поврзува со болка во градите или во левата рака. Болката може да биде прогресивна, здодевна, акутна или ненадејна. Може дури и да ве разбуди од сон. Токму затоа и мора веднаш да се консултирате со доктор доколку почувствувате каква било болка што не можете да ја објасните.

 

  1. Остра болка во стомакот и чувство на гадење

Некои од знаците што предупредуваат на срцев удар можат да бидат помешани со знаци за труење, грип или жиговина. Некои жени чувствуваат притисок во областа на адбдоменот, што ја опишуваат како „слон да седи на стомакот“.

 

  1. Студена пот

Студената пот е уште еден симптом што се јавува само меѓу жените. Може да изгледа дека станува збор за нешто поврзано со стрес, но ако сте немале слични симптоми претходно, веднаш посетете специјалист.

 

  1. Недостаток на воздух и вртоглавица

Проблемите со дишењето без очигледна причина се верни сопатници на срцевиот удар, особено ако се појавуваат со некој друг од симптомите од оваа листа. Жените што преживеале срцев удар велат дека се чувствувале како да истрчале маратон, дури и ако не мрднале со ниту еден дел од телото.

 

  1. Зголемен замор

Дури и ако по долго одмарање чувствувате замор и не можете да направите ни некоја едноставна активност, како посета на тоалетот, ова е алармантен сигнал дека треба да обрнете внимание на состојбата на вашиот кардиоваскуларен систем.

 

  1. Притисок и болки во градите

Болки во градите, непријатно чувство, горење или чувство на притисок се симптоми што се појавуваат и кај мажите и кај жените непосредно пред срцевиот удар. Имајте на ум дека жените, наместо на левата страна од градите, доживуваат болка во целиот предел и ако чувството на притисок не исчезне за неколку минути, јавете се кај вашиот доктор веднаш.

 

Забелешка: Овие симптоми не се гаранција дека ќе имате срцев удар, но со нивната комбинација, како и фактот колку често се појавуваат, треба да ви бидат доволна причина за да се консултирате со доктор. Медицинската грижа добиена во вистинското време е клучна за вашиот живот. Грижете се за себе!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma