Шкорпија
Шкорпиите многу ретко ја чистат куќата. Исклучок е само кога имаат ВИП гости, па се трудат да си ја одржуваат куќата уредна. Но, дури и тогаш, тие не се трудат премногу, бидејќи едноставно не им е грижа што велат другите луѓе за тоа како изгледа нивната куќа. Реално, Шкорпиите воопшто не се заинтересирани за чистење на домот, повеќе би сакале да гледаат серии, да играат игри, да се забавуваат со друштвото или да гледаат телевизија.
Лав
За еден Лав, чистењето на куќата е залудна задача. Неизмиените садови во мијалникот не се причина за грижа. Сето ова сигурно во одреден момент ќе го решат, а дотогаш рамнодушно гледаат на нередот. За Лавовите личниот изглед секогаш е на прво место, а се останато на второ место. Ако брза на работа, тогаш местењето на креветот или чистењето на куќата нема да му биде приоритет.
Јарец
Јарците не можат да се наречат неорганизирани луѓе, особено не машките припадници на овој знак. Но, едноставно не ги сакаат домашните работи. Тие повеќе би сакале да поминуваат часови гледајќи во телефонот или телевизорот. Јарците веројатно во одреден момент ќе ја исчистат куќата, но мора да е некоја екстремна неопходност која ќе го принуди Јарецот сам да го направи тоа.