Домашен сок од коприва! Борец за вашето здравје – оригинален рецепт како да го направите

popara15 јули, 20241min00
Сок од коприви

Копривата е богата со железо, како и со минерали како што се калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Најбогат е со витамин Ц, но практично исчезнува со термичка обработка.Денеска ви пренесуваме рецепт за освежителен сок од коприва кој лесно се прави.

Состојки:
30-40 листови млада коприва

3 литри вода

3 лимони

3 портокали

1 кг шеќер

Рецепт за сок од коприва:
Измијте ги копривите и ставете ги во тенџере. Покријте со вода, а потоа додадете лимон и портокал исечкани на прстени. Покријте и оставете 24 часа. Потоа со раце изгмечете ги состојките, процедете ги и додадете шеќер. Важно е сирупот да се меша додека не се раствори шеќерот. Мешајте во текот на денот за убаво да се растопи шеќерот. Секако, не треба нон-стоп да мешате, туку повремено. Истурете во стерилизирани шишиња и чувајте ги на ладно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag