Пристигна трејлерот за новиот хорор со Лили-Роуз Деп за познатиот вампир, инспириран од филм стар 100 години

popara6 октомври, 20241min00
m_35455897_1280

Можеби не сте знаеле, но „Носферату“, нем црно-бел класик од 1922 година, се смета за еден од највлијателните хорор филмови некогаш снимени. Но, токму на време за Божиќ, пристигнува нова верзија на овој филм, во режија на Роберт Егерс, најпознат по инди-историските хорор филмови „The Witch“ и „The Lighthouse“ и кој собра многу познати холивудски имиња.

Филмот следи опседната и проколната млада жена, која ја игра Лили-Роуз Деп, (најпозната по нејзината улога во серијата „Идол“) и застрашувачки вампир, кој го игра Бил Скарсгард, (најпознат по улогата на Пенивајз во франшизата „Тоа“). Други улоги играат големи холивудски имиња како Николас Хулт, Арон Тејлор-Џонсон, Ема Корин, Ралф Инесон, Сајмон МекБурни и Вилем Дефо.

image

Очигледно, оваа приказна за вампири е инспирација повеќе од сто години. Споменатиот нем филм од 1922 година, во режија на Фридрих Вилхелм Мурнау, е направен како референца на романот „Дракула“ на Брам Стокер од 1897 година, кој останува едно од основните хорор дела во киното. Интересно е тоа што наследниците на Стокер потоа тужеле за кршење на авторските права, а судот одлучил дека сите копии од филмот мора да бидат избришани. Сепак, некои успеаја да останат зачувани и филмот сè уште се гледа повеќе од сто години подоцна.

image

„Носферату“ е втор филм на Егерс за Focus Features, по епот „Северен човек“ од 2022 година, кој заработи 70 милиони долари ширум светот. Егерс го напиша и сценариото за овој филм и го продуцираше заедно со Крис Колумбус, Елинор Колумбус, Џеф Робинов и Џон Греам. Ова не е првпат Егерс да работи со Колумбо и Дефо, бидејќи тие работеа заедно на хит филмот „Lighthouse“ од 2019 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag