Корисниците на WhatsApp ќе можат да ја проверуваат автентичноста на сите фотографии што ќе ги добијат

popara9 ноември, 20241min00
1727847077-deeksha-pahariya-wST5Z2SMEYU-unsplash-scaled-e1730905532435-1024x580

WhatsApp работи на нова функција која сега е достапна на нејзиниот Андроид бета канал, а тоа е обратно пребарување на фотографии.

Во основа, станува збор за можност за брзо онлајн пребарување на фотографијата што ја добил корисникот, за да се потврди нејзината автентичност доколку е потребно.

Постапката е едноставна. Кога корисникот ќе допре на добиената фотографија, во менито „три точки“ што се наоѓа во горниот десен агол, ќе ја најде опцијата „Пребарај на веб“.

На овој начин, тој ќе ја прикачи фотографијата на Google, по што пребарувачот ќе прикаже идентични и слични фотографии, за да добие подобра претстава за тоа колку е веродостојно тоа што му е испратено.

Се разбира, ова можеше да се направи рачно порано, но сега процесот е многу полесен бидејќи функцијата е интегрирана во самиот WhatsApp.

Во секој случај, пребарувањето на фотографијата ќе понуди повеќе контекст, а корисникот ќе види дали е можеби обид за дезинформација.

Функцијата моментално е достапна само за бета-тестерите, така што ќе поминат уште неколку недели или месеци пред да биде достапна за сите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag