Ако сакате добро да спиете, внесувајте храна богата со триптофан и витамин Б6 кои го зголемуваат лачењето на хормонот за спиење или мелатонин. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да бидат повеќе застапени во вашата исхрана доколку сакате да го решите проблемот со несоницата.
- Житни снегулки
Иако многумина ги јадат за појадок, житните снегулки се идеални и за вечера, особено доколку ги комбинирате со топло млеко кое делува смирувачки. Покрај тоа, повеќето видови снегулки содржат витамин Б6, еден од најважните витамини во организмот кој го регулира биолошкиот часовник, спиењето и когнитивната функција.
- Хумус
Наутот кој се содржи во хумусот изобилува со триптофан и витамин Б6. Доколку навечер пред заспивање почувствувате глад, можете да изедете парче интегрален леб со овој вкусен намаз.
- Банана
Бананите содржат триптофан, но и магнезиум и калиум кои ги опуштаат мускулите поради што овозможуваат поквалитетен одмор во текот на ноќта.
- Цели житарки
Булгурот, јачменот и другите цели зрна се богат извор на магнезиум што ќе ви помогне да одржувате непрекинат сон. Покрај тоа, тие го стимулираат и производството на инсулин што, од друга страна, го активира триптофанот во организмот.
- Семки
Од сончоглед па сè до лен и сусам, семките се добар избор кога сте гладни, а времето за одмор сè уште не дошло. Тие се одличен извор на триптофан и можат да бидат одлична замена за производите од животинско потекло.
- Чај од камилица
Веројатно веќе ви е познато дека чајот од камилица спаѓа во природни седативи. Содржи антиоксиданти кои можат да го поттикнат спиењето, а се покажало дека пиење чај од камилица пред спиење го подобрува вкупниот квалитет на сон.
- Јогурт со мед
Топлото млеко е вообичаен природен лек за несоница поради неговата висока концентрација на калциум што им помага на луѓето да ги искористат придобивките од мелатонин и триптофан во организмот. Но, секој млечен производ содржи калциум па затоа нутриционистите ви препорачуваат да пробате јогурт со мед пред спиење.