
Ако не можете да ги замислите вашите нокти без професионален маникир бидејќи се лупат и пукаат,можеби е време за опоравување.
Ако сте забележале дека вашите нокти слабеат, се лупат и пукаат, има неколку едноставни работи што можете да ги направите за да ја вратите цврстината на вашите нокти.
Во зависност од состојбата на вашите нокти, ќе бидат потребни од неколку недели до еден месец за вашите нокти да закрепнат и да заблескаат. Следете ги овие совети, бидете трпеливи и наскоро ќе можете да ги покажете вашите нокти кои изгледаат фантастично и без лак.

Како да ги зајакнете ноктите?
1. Нахранете ги ноктите со лак
Побарајте хранливи, транспарентни лакови за нокти кои се богати со витамин Е и минерали – ова ќе ги заштити ноктите од надворешни влијанија и ќе спречи пукање.
2. Земете масло за кутикулите
Овој производ е клучен и за спречување на пукање и лупење на ноктите. Хидратацијата на кутикулите и ноктите е од суштинско значење за силни и здрави нокти, без разлика дали им дозволувате да растат или едноставно сакате да изгледаат најдобро.
3. Најдете ја оптималната должина на ноктите
Колку се подолги ноктите, толку повеќе се склони кон кршење и пукање, така што редовното средување и одржување на оптималната должина ја намалува веројатноста да се скршат во најнеповолниот момент.

4. Обликувајте ги ноктите со стаклени турпии
Иако типичните турпии се најзгодната опција, тие не се најдобриот избор кога станува збор за здравјето на ноктите. Овие турпии предизвикуваат микроскопско оштетување на врвовите на ноктите, што доведува до лупење и пукање, додека стаклените се многу понежни за ноктите.
5. Носете ракавици додека миете садови
Ноктите апсорбираат вода повеќе од кожата, што резултира со пукање, кршење и слабеење на ноктите. За да го спречите ова, носете заштитни ракавици при миење садови и друга физичка работа.
6. Хидрирајте ги рацете
Кремот за раце е незаменлив козметички производ. Не само што кожата на рацете ќе изгледа негувано, туку и хидратантната крема ќе помогне кутикулите да бидат меки, а ноктите да бидат негувани и хидрирани, што го спречува нивното лупење и пукање.
7.Изберете суплементи
Здравата и урамнотежена исхрана е најдобриот начин да ги одржите ноктите здрави и силни, но понекогаш ни треба малку дополнителна помош. За да бидат цврсти ноктите, изберете суплементи кои содржат: витамини од групата Б, витамин Ц, омега-3 масни киселини и цинк и железо.