Овој пијалок е исклучително корисен кога станува збор за губење на тежината на природен начин, а ако ригоризните диета не се ваш избор и барате друга алтернатива, вие сте на вистинското место!
Ова е едноставен, природен, но многу ефикасен начин! Покрај тоа што ќе го влучите овој сок во вашата дневна исхрана, важно е да обрнете внимание на она што го јадете. Треба да ја нормализирате исхраната, да јадете здрава храна како овошје, зеленчук и зрна и да избегнувате шеќер.
Отстранувањето на шеќерот од вашата исхрана го намалува апетитот и нивото на инсулин, а притоа ќе изгубите тежина без воопшто да чувствувате глад.
Овој пијалок е исклучително корисен кога станува збор за губење на тежината на природен начин. Започнување на денот со овој сок е многу едноставен, но ефикасен начин да се ослободите од стомакот и несаканите вишок килограми.
Чудесен домашен напиток за брзо слабеење
Потребни состојки
- 1 краставица
- 3 парчиња ананас
- 1 шолја магдонос
- 1 страк целер
Начин на подготовка
Измијте ги сите состојки темелно. Краставицата исечете ја на парчиња и магдоносот на мали парчиња. Ставете сè во блендер и мешајте додека масата не се соедини.
Начин на употреба
Се препорачува сокот да го консумирате наутро, на празен стомак. Не додавајте шеќер или вештачки засладувачи во истиот. Важно е да го пиете свеж, за да не ги изгуби неговите својства (земете го не подоцна од 15 минути по подготовката).
Овој зелен сок е полн со хранливи материи кои дејствуваат активно со цел да го забрзаат здравото слабеење. Користете го 7 дена по ред за борба против маснотии во стомакот! Не се препорачува продолжена употреба. Обратете внимание на реакцијата на вашето тело и доколку се појават непријатни реакции, престанете да го консумирате веднаш.