Зајакнувањето на имунитетот е еден од најважните фактори за одржување на добро здравје. Веројатно се прашувате кои се намирниците кои ќе ви помогнат да го поправите и зајакнете имунитетот.
Имунолошкиот систем ја извршува основната функција за одбрана на човечкото тело од потенцијални напаѓачи кои предизвикуваат разни болести. Лето е и во продавниците и маркетите има различни овошја и зеленчуци, а ние ви пренесуваме листа на многу моќни овошја кои ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот.
1. Портокалите се богати со хранливи материи, особено со витамин Ц, кој треба да се зема во текот на целата година, а не само кога сте настинати. Оваа хранлива материја го зголемува бројот на бели крвни зрнца и го одржува вашиот имунолошки систем.
2. Папаја го зајакнува имунитетот и има антиинфламаторно дејство на вашето тело благодарение на ензимот папаин.
3. Грозјето е богато со витамини А, Б и Ц, а содржи и голема количина на минерали и хранливи материи како фолна киселина, ензими, протеини, калциум, магнезиум, калиум, манган и фосфор.
4. Мангото е добар извор на витамин А. Покрај тоа, полно е со бета каротен, кој е моќен антиоксиданс кој го штити телото од воспаленија. Не содржи масти, холестерол и е нискокалоричен.
5. Јаболкото ви помага да се ослободите од токсините, тешките минерали и холестеролот. Едно јаболко содржи до 40 mg витамин Ц, потоа витамини А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Содржи и минерали калиум (од 100 до 180 mg), како и калциум, фосфор, магнезиум и железо. Содржи кверцетин, кемпферол, мирицетин, катехини, антоцијани и повеќе од 20 антиоксиданси.
6. Лубеницата е исклучително популарна во лето. Ни помага да внесеме повеќе течности, а содржи и многу состојки кои му помагаат на телото да се бори против инфекциите. Лубеницата е одличен извор на витамин Ц, витамин А, калиум и магнезиум и секако содржи многу вода.