Coldplay оди во пензија: Крис Мартин најави дека 12-тиот албум ќе биде последен

popara5 октомври, 20241min00
coldplay-53875-750x540

Колдплеј се подготвува за пензионирање. Ова го откри фронтменот на бендот Крис Мартин, велејќи дека 12-тиот албум на бендот ќе биде последен.

„Ќе снимиме 12 албуми и тоа е тоа“, рече тој во интервју за Apple Music за најавата за новиот албум. Нивниот десетти албум, Moon Music, излегува утре (4 октомври), оставајќи им на фановите само уште два да очекуваат.

На прашањето зошто бендот си наметнува лимит, Мартин рече:

„Постојат само седум книги за Хари Потер. Има само 12 ипол албуми на Битлси, исто толку колку и Боб Марли, сите тие се наши идоли. Исто така, таквото ограничување наметнува и квалитет. Песната мора да биде навистина добра за да се најде на тие албуми бидејќи има ограничен број места“.

„Не сакам да се мачиме и да работиме напорно на 60 години“, вели тој. Сепак, Мартин најави и дека нема да престане да се занимава со музика. „Секогаш ќе го правам тоа на некој начин, но нешто е поинаку со Колдплеј“, заклучи тој.

Coldplay е англиски алтернативен рок бенд, основан во 1996 година во Лондон. Групата ја сочинуваат пејачот, клавијатурист и гитарист Крис Мартин, гитаристот Џони Бакланд, басистот Гај Бериман и тапанарот Вил Чемпион. Новиот албум Moon Music ќе содржи 10 песни. Се шпекулираше за аванс од 35 милиони фунти за албумот, што ако е вистина е најголемиот аванс за албум во историјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag