Секогаш барате супер нови инстант решенија за рамен стомак, без разлика дали станува збор за специјална диета, додаток за топење маснотии или специјална комбинација на вежби кои специфично ги отстрануваат наслагите од желудникот.
И најдобриот начин да се ослободите од салото на стомакот е да започнете здрава, нискокалорична диета и да вежбате многу.
Но, ако сакате да го забрзате овој процес, обидете се да вклучите некои од следниве намирници во вашата исхрана. Тие го намалуваат вашиот апетит, го подобруваат метаболизмот и го продолжуваат чувството на ситост.
Бадеми – Полни се со витамин Е и протеини, но и растителни влакна кои ќе го спречат чувството на глад. И покрај фактот дека тие се многу калорични, тие не придонесуваат за формирање масни наслаги на стомакот.
Зелен зеленчук – Кељ, зелена салата и спанаќ се многу малку калорични, полни со растителни влакна, витамини и минерали.
Овес – Со дел од овесна каша за појадок, ќе му дадете на вашето тело енергија што ќе трае цел ден, и ќе бидете сити подолго.
Маслиново масло – полинезаситените масти во маслиновото масло го продолжуваат чувството на ситост, а маслиновото масло содржи и олеинска киселина, која ги топи мастите во организмот.
Зелен чај – му помага на телото да се ослободи од непотребните течности и го забрзува метаболизмот.