Кафето е богато со антиоксиданти и може да биде многу корисно за вашата кожа
Едноставен рецепт за маска од кафе ќе го направи вашето лице свежо и затегнато.
Следниот пат кога ќе го испиете кафето, не фрлајте го талогот бидејќи со малку вода може да послужи како козметички препарат. Малку промешајте го талогот, а потоа втријте го во кожата на лицето пет до десет минути. После масажата исплакнете го лицето со млака вода.
Маска од кафе и какао
Состојки:
- 2 лажици мелено кафе
- 2 лажици какао во прав
- 3 лажици полномасно млеко или јогурт
- 1 лажица мед.
Подготовка:
Измешајте ги сите наведени состојки добро и нанесете ги на лицето. Откако маската ќе отстои околу 15 минути, треба да се исплакне со млака вода. Додека ја нанесувате маската, нежно масирајте го лицето за подобра циркулација.