Решението за чисти и миризливи алишта се крие во вашата кујна
Секоја домаќинка сака нејзините алишта секогаш да бидат миризливи и чисти. Сепак, се повеќе луѓе сакаат да користат природни средства, бидејќи се покажаа како одлична замена за куповните кои во повеќето случаи се поскапи и можат да предизвикаат иритација кај луѓето кои имаат чувствителна кожа.
Сигурно сте слушнале дека алкохолниот оцет е совршена замена за купениот омекнувач, бидејќи им дава свежина на алиштата и го засилува мирисот на прашокот, додека неговиот мирис целосно исчезнува при перењето.
Ако сакате да направите домашен омекнувач, оцетот ќе ви послужи како клучна состојка, а другите три сигурно ќе ги имате дома.
Состојки:
100 гр сода бикарбона
150 мл топла вода
800 мл алкохолен оцет
Етерично масло по желба
Подготовка:
Во голем сад измешајте ги водата и оцетот и полека додавајте ја сода бикарбоната, мешајќи постојано.
Подгответе го пакувањето во кое ќе го чувате омекнувачот, а потоа истурете ја добиената смеса. Додадете пет капки есенцијално масло по желба, затворете и добро протресете.
Чувајте ја смесата во затворен сад и користете ¼ кафена шолја за секое перење.