На сите нас барем еднаш во животот ни се случило да почнеме да икаме, и иако се обидовме да задржиме здив, да пиеме вода или нешто трето, проблемот не запира.
Верувале или не, иако нема некоја посебна причина зошто се случува тоа, одредени работи како стрес, силни емоции, храна и пијалоци, можат да влијаат на неговото настанување. Икањето понекогаш може да не доведе во многу непријатна ситуација, особено ако сме на состанок или место каде што владее тишина.
Само минатата година, Националната здравствена служба на САД (NHS) забележала околу 22.000 случаи на икање во службите за итни случаи.
Затоа е добро да се знаат различните начини на кои можеме да го решиме овој проблем. Значи, ако еден не помогне, друг ќе помогне.
Според експертите од страницата medicalnewstoday, овие 10 трикови можат да бидат одлични сојузници за решавање на овој проблем:
Голтање
Веруваме дека многумина ќе одмавтаат со главата на овој предлог. Но, иако е досадно, тоа всушност помага. Неопходно е да испиете неколку длабоки голтки вода, бидејќи на овој начин ќе го зголемите дејството на мускулите на градите, односно ќе спречите икање.
Дишење
Веројатно сте го виделе ова во филмови, а техниката е одлична за ублажување на симптомите на напад на паника.
Треба да ставите хартиена кеса (таа мора да биде направена од хартија, а не од други материјали) над устата и носот, а потоа да земете неколку длабоки вдишувања и да издишете.
Чоколадо
Слатките намази како крем од кикирики или путер ќе ги вработат мускулите на јазикот и дишните патишта поради тешкотијата при голтање, а тоа ќе ви помогне да го запрете икањето.
Исплазете го јазикот
Отворете ја устата и извлечете колку што можете повеќе. Ова ќе го олесни грчењето на дијафрагмата, што предизвикува икање.
Чаша вода
Старо, добро, иако не секогаш ефикасно. Всушност, многу луѓе прават грешки затоа што земаат само неколку голтки вода. Вие всушност треба да испиете чаша вода, но на екс.
Подригнување
Обидете се да поригнете, тоа треба да помогне во ослободување на вишокот воздух од стомакот, бидејќи тоа може да биде честа причина за икање.
Затнете ги ушите
Експертите тврдат дека кога ќе ги ставите прстите во ушите и ќе ги држите 20-30 секунди, односно да ја притиснете меката површина зад ушната школка, тоа може да помогне при прекумерно икање. На овој начин, сигналите се испраќаат преку нервите кои одат во дијафрагмата и треба многу брзо да стигнат до прекинот.
Нека ве исплаши некој
Стар рецепт, но често и најефикасен. Значи, потребно е само некој да ве исплаши.
Туширајте се со ладна вода
Кога мислите дека ништо не може да помогне, обидете се да се истуширате со ладна вода. Шокот што ќе го доживее вашето тело ќе го наруши икањето и повторно ќе дишете нормално.
Мед
Медот може да го смири иритираниот вагусен нерв, што е главниот „виновник“ за икање. Ако ова не успее, пробајте нешто кисело, како што е лимонот.