Овие се најдобритe и најбрзи начини за лекување на изгореници од сонце

popara18 август, 20242min00
Annotation 2020-07-24 142927

Донесуваме стручни совети за тоа како да ги третирате опекотините од сонцето

Сигурно нема ниту една личност која барем еднаш во животот не се изгорела од сончање. Или забораваме да примениме крема за сончање (не мислиме дека треба да спомнеме колку е важно) или заспиваме на сонце или, ете некако се случило.

Без оглед на причината за изгорениците, време е да и дадете брза помош на кожата за да се извлечи со што е можно помалку штетни последици.

Allure разговараше со дерматолозите кои ги споделија најефикасните и најбрзите начини за лекување на изгореници од сонце. Со помош на овие совети, побрзо ќе ја поправите штетата.

Што точно се изгореници од сонце?

До изгореници доаѓа кога кожата е претерано изложена на штетните сончеви зраци, особено УВБ зраци. Како што истакнува дерматологот Шари Марбејн, изгорениците изгледаат непосредно, но може да остават многу негативни последици, како што се брчки, флеки и на крајот карциномот на кожата. Изгорениците го зголемуваат ризикот од карцином на кожата, што е исто така најсмртоносна форма на карцином.

Во совршен свет би имало крем со заштитен фактор од 100, но тоа не е можно. Значи, ако имате изгореници од сонце, еве како да ги третирате.

Хидратација

Изгорениците предизвикани од УВ предизвикуваат слична реакција на кожата, како на пример, изгорениците кои би го добиле од шпоретот. Џошуа Зејхнер, клинички дерматолог во болницата „Монт Синај“, ја потенцира важноста на хидратирање и регенерирање на кожата што е можно поскоро.

Најбрзиот начин е надворешниот. Изберете негувачки лосиони и креми за тело. Ако до вас нема специјализиран крем против изгореници, Зејхнер советува употреба на вазелин. Вие исто така може да и помогнете на кожата однатре со консумирање зголемена количина вода.

Исто така, ќе и помогнете на вашата кожа со ладни облоги, како што се обични од ладна вода на собна температура или компреси од јогурт.

opekline_od_sunca

Олеснете ја болката

Ако страдате од болка, класичните лекови против болки, како ибупрофен, ќе ви помогнат.

Внимавајте на изгорениците

За да не страдате од дополнителна болка, никогаш не допирајте ги изгорениците и заштитувајте ги од потенцијален пилинг. Ако сте доживеале изгореници од втор степен, вашиот лекар може да ви препише креми кои ќе го забрзаат заздравувањето.

Борете се против долгорочните негативни последици

Видливите и болни изгореници ќе траат неколку дена, но УВ зраците предизвикуваат трајни штетни ефекти врз нашата кожа. Како што истакна Зејхнер, УВ зраците негативно влијаат на производството на колаген и еластин и ја уништуваат ДНК на нашите клетки на кожата.

Дерматологот советува да се примени серум на витамин Ц по изгорениците, посочувајќи дека не можеме целосно да ја санираме штетата, но можеме да ги намалиме ефектите со антиоксиданти.

Најдобрата заштита е превенцијата

Најдобар и најефикасен начин да се заштитите од опекотини е превенцијата. Задржете се на ладно и не изложувајте се на директна сончева светлина од 11 часот наутро до17 часот. Чадорите се задолжителни, како и лесната облека, капа и очила за сонце.

Нанесувајте крема за сончање на секои два часа. И секогаш имајте на ум колку се штетни сончевите зраци за здравјето и изгледот на нашата кожа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag