ТОРТА со лимон и јогурт- мек и сочен десерт за паметење! (РЕЦЕПТ)

popara13 јуни, 20242min0
312356_food-3060458-960-720_f

Пробајте ја оваа едноставна торта со лимон и јогурт и уживајте во ужина што ќе ја паметите засекогаш…

Состојки:

500гр брашно

1 ќесичка прашок за пециво

Малку сол

125гр путер

250гр шеќер

200мл грчки јорурт

3 јајца

Кора од 1 лимон

Сок од 1 лимон

Арома од ванила

За прелив:

50гр шеќер во прав

2 лажици лимонов сок

Малку вода

Подготовка:

Изматете го путерот со шеќер и мед за да добиете кремаста смеса. Додадете јогурт, јајца и арома од ванила. Додадете рендана кора од лимон и сок и измешајте добро. Измешајте ги сите суви состојки одделно, а потоа додадете во смесата со путер. Кога ќе направите фина хомогена крема, истурете ја во плех или тава за леб. Печете на 180 степени околу 45 минути, а потоа кога кората ќе добие златна боја, извадете да се излади. Дотогаш, изматете ги шеќерот и лимонот. Додадете вода додека не добиете кремаста глазура. Истурете ја глазурата врз тортата и послужете со кафе или чај.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag