Убаво ми е што имам многу помладо момче. Непроценливо е да се видат изразите на лицата на другите луѓе кога ќе дознаат колкава е разликата во годините. Се шувствувам гордо, откри една од нив
На некои им се допаѓа сексот и чувството на контрола, додека други велат дека имаат чувство како да чуваат деца. Апликацијата Whisper п-оттикна многу жени во слични ситуации да проговорат за својата интима, бидејќи можат да бидат многу искрени, а да останат анонимни.
На некои од нив им е подобро ваквите работи да ги пишуваат на апликацијата, отколку да разговараат со некого за нив. Многумина велат дека можат искрено да зборуваат за своите врски со пријателите и членовите на семејството. Има и такви кои се срамат од своите врски иако во нив неизмерно уживаат, додека други пак се горди што излегуваат со помлади момци и сакаат тоа сите да го знаат.
Еве ги нивните причини зошто излегуаат со многу помлади момци:
- Излегувам со помлади момци затоа што се чувствувам секси, поубаво и попривлечно со нив отколку со мажи на моја возраст.
- Моето момче-играчка е толку секси, но кога ќе прозбори тој се гледа дека е доста помлад и многу ми е непријатно.
- Таквите односи ми одговараат затоа што не бараат толку посветеност, а исто така имам целосна контрола врз нив, што ми се допаѓа.
- Мојот дечко е осум години помлад од мене и никогаш не ми кажува дека ме сака. Таа несигурност ме јаде жива.
- Ги сакам младите момци, но би сакала луѓето да престанат да мислат дека е чудно.
- Запознав многу помлад маж и по првиот секс тој ми призна дека лажел за неговата возраст.
- Денес сфатив дека го користев првиот тест за бременост како тинејџерка. Да бев бремена, бебето ќе беше старо колку и моето момче сега.
- Јас сум постара жена и сум во врска со 20-годишник. Не ме осудувајте, тој прв ми пријде. Да, тоа е тотална лудница и се чувствувам фантастично.
- Мојот драг е шест години помлад од мене и понекогаш се чувствувам како да бебе, а не како да сме во љубовна врска.
- Излегувам со помлади за да имам контрола цело време.
- Го сакам мојот дечко, но неговите лоши сексуални апетити ме убиваат. Тој е осум години помлад и треба да сака повеќе секс.
- Сакам млади момци затоа што сакам да се забавувам и навистина многу секс, а мажите на моја возраст не може да го држат тоа темпо.
- Секогаш ми беше чудно кога постарите жени имаа помлади мажи, но повеќе не ми е. И јас сега имам помладо момче.
- Моето мече е особено внимателно кон мене и затоа ги обожавам помладите.
- Порано го мразев кога помлади момци ми се додворуваа во барот, но сега го сакам тоа затоа што имам многу помладо момче. Непроценливо е да ги видите изразите на лицето на другите луѓе кога ќе дознаат која е разликата во возраста. Се чувствувам гордо.
- Уживам во игрите со мојот дечко, но во исто време ја кријам болката што ја чувствувам заради неодамнешниот развод.
- Луѓето ми го прават животот мизерен затоа што мојот дечко е 11 години помлад од мене. Не го разбирам тоа, и двајцата сме возрасни и што е важно каква е разликата во возраста.
- Ужасно сум привлечена од помлади мажи, но се плашам дека ќе ме остават и ќе бидам осамена.