Ги игнорира вашите пораки, а очигледно е се уште онлајн: Еве која е причината за такво однесување

popara5 октомври, 20241min00
676 (15)

Можеби ќе ви се чини дека се е совршено во вашата врска, па повторно ќе се изненадите доколку не одговори на пораките што сте му ги пратиле, а многу е јасно дека е онлајн.

Без разлика дали преписката се одвива преку социјалните мрежи или апликациите за пораки, ако поминаа неколку часа откако сте му испратиле порака и тој не одговара, а очигледно е активен на нив, без сомнение ќе се запрашате што не е во ред.

Пред да го изгубите трпението, да му се јавите и да раскинете, во остатокот од текстот дознајте која би можела да биде причината за ваквото однесување.

Веќе ви рекол „добра ноќ“.

Ако сте се допишувале со него порано истата вечер и сте го завршиле разговорот, каде што сте си посакале добра ноќ и сте се договориле да разговарате утре, тоа не значи дека тој нужно мора да ве контактира ако е сè уште онлајн.

Можеби му е незгодно да ви каже, но можеби разговара со другар за некоја важна тема (пријател, не друга девојка) која нема врска со вас и мисли дека нема што ново да ви каже, па прескокнува контактирање со вас.

Тој е зафатен со други работи

Многу лесно може да се случи да е активен на социјалната мрежа, но свесно воопшто да не ги игнорира вашите пораки. Можеби е сред муабет со некој друг, а не обрнал внимание на тоа што сте му пишале, па затоа е препорачливо да не избрзувате со лоши заклучоци.

Сигурно ви се случило толку да се занесете во разговор со некој што не ги забележувате работите што се случуваат околу вас.

Заборавил да се одјави од своите профили на социјалните мрежи

Едно објаснување всушност би можело да биде дека откако разговарал со вас, тој едноставно го оставил телефонот или се оддалечил од компјутерот, заборавајќи да се „одјави“ од својот профил на социјалната мрежа.

Така, без никаква намера да биде груб со вас, можеби едноставно спие како бебе во моментов, додека вие сте под стрес дека ве игнорира.

Не е во близина на телефонот

Може да има уште едно невино објаснување зошто тој не одговара на вашите пораки. Можеби имате впечаток дека телефонот е постојано во неговите раце, но вистината е многу лесно далеку од тоа.

Како што можеби заборавил да ја напушти социјалната мрежа преку која сте се допишувале, можеби останал логиран на неа, но ја напуштил просторијата каде што му е телефонот поради некоја итна работа.

Можеби некој ненајавено дошол да го посети и како резултат на тоа целосно заборавил на телефонот.

Едноставно не е време за разговор

Иако звучи лошо, ова можеби нема никаква врска со вас. Можеби тој е само во лошо расположение во моментов и мисли дека е подобро да не се вклучи во разговор со вас.

Можеби е нерасположен поради тоа што се случува на работа, во семејството или се скарал со близок пријател, а не сака така да го „гледате“, односно да ви го пренесе лошото расположение на вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag