Најтажната фотографија на денот: Ќерката на Брус Вилис објави слика со својот болен татко, а она што го напиша им ги скрши срцата на сите (ФОТО)

popara4 октомври, 20241min00
Screenshot_3

Ќерката на холивудскиот актер Брус Вилис, Талула Вилис, сподели неколку фотографии со својот татко, кој веќе некое време се бори со деменција.

 

 

 

На првата фотографија актерот ја бакнува ќерка си во главата, на втората позираат заедно додека јадат, а на последната Талула разгледува албум со насловните страници на кои се најде Брус Вилис низ годините.

 

„Многу го сакам овој дечко. Тешко е да се чувствуваат чувства, но благодарна сум што дозволувам да поминат низ мене сега, наместо да се исклучувам од нив. Од вечните архиви“, напиша таа.

Talula-i-Brus-Vilis-1
Talula-i-Brus-Vilis-3
Talula-i-Brus-Vilis-4

Да потсетиме, во 2022 година беше објавено дека Вилис ќе се повлече од својата актерска кариера поради здравствени причини, односно дека му е дијагностицирана афазија. Една година подоцна, неговото семејство соопшти дека неговата болест напредувала и дека Вилис добил поспецифична дијагноза: фронтотемпорална деменција.

 

Деми Мур и Брус Вилис се разведоа во 2000 година, a имаат три возрасни ќерки – Румер, Скаут и Талула.

 

Поранешниот пар продолжи пријателски да ги споделува семејните искуства низ годините.

 

Вилис е во брак со Ема Хеминг Вилис повеќе од 16 години, со која има две мали ќерки – Мејбел и Евелин.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag