БРЗИ РОЛНИ СО СИРЕЊЕ: Совршени за доручек, повкусни од оние во пекара

popara8 мај, 20251min00
122052_shutterstock-2216337165_f

Неопходно е:

За полнење:

2 јајца
400 гр суво кравјо сирење
150 мл јогурт
малку сол

Плус:

500 гр готови кори
70 мл масло
1 јајце за премачкување
3 лажици јогурт

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад изматете ги јајцата и посолете малку. Потоа додадете го издробеното сирење и јогуртот и измешајте. Првата кора премачкајте ја со лажица масло, а потоа ставете ја втората кора, на ист начин премачкајте ја со четка и намачкајте две лажици фил. Потоа виткајте го во ролат. Ролатите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па премачкајте ги со смесата со јајца и јогурт. Оставете ги малку да го впијат премазот, па повторно премачкајте ги. Ролатите се печат околу 35 минути во загреана рерна на 180 степени. Уживајте!