Холивудската легенда Том Круз (62) повторно е во центарот на вниманието, но не поради своите филмски улоги, туку поради својот љубовен живот. Актерот неодамна го привлече вниманието на јавноста поради своите раскошни гестови кон својата нова девојка, кубанско-шпанската актерка Ана де Армас (37), со која неодамна ја потврди својата врска.
Круз наводно платил речиси 10,6 илјади евра само за превоз до лондонскиот аеродром Хитроу и ВИП третман. Според британскиот таблоид „Сан“, актерот потрошил 5.700 евра за приватен лет во својот хеликоптер вреден 1 милион фунти, а дополнителни 4.500 евра отишле во луксузниот ВИП апартман „Виндзор“, со што Ана добила посебен третман пред нејзиниот лет за Њујорк.
Извор близок до двојката тврди дека Том сака да ѝ покаже на Ана колку е спремен да потроши за неа, без да размислува за трошоците.
„Том сака Ана да знае дека може да го има најдоброто од најдоброто со него. Тој е старомоден господин и сака Ана да се чувствува посебно“, изјавил извор за „Сан“.
Ова не е првпат Ана да ужива во луксузот на Круз. Двојката неодамна беше видена во неговиот хеликоптер, кога пристигнаа заедно во Лондон неколку дена пред нејзиниот роденден, што дополнително ја потврди сериозноста на нивната врска.
Покрај приватните летови, се појавија и гласини дека Том планира да ја избере Ана за главна актерка во неговиот претстоен филмски проект. Иако Круз моментално е зафатен со новото продолжение на франшизата „Невозможна мисија“, како и проектите „Џуди“ и „Притисок“, наводно развива уште еден филм за кој сака Ана да биде партнерка. Според извор, Круз ја смета Ана за една од најдобрите актерки што работат денес и сака таа да му се придружи во нов филмски потфат.
Инаку, шпекулациите за нивната врска беа дополнително разгорени откако тие заедно присуствуваа на забавата по повод 50-тиот роденден на Дејвид Бекам. Нивното пристигнување на толку приватна и интимна забава многумина го протолкуваа како знак дека се во сериозна врска, и покрај гласините од Лос Анџелес дека станува збор за маркетиншки трик за промоција на најновиот филм од серијалот „Невозможна мисија“.
„Том го познава Дејвид повеќе од 25 години. Никогаш не би однел некого на ваков настан ако не е сериозно“, изјавил извор за Дејли мејл.