
Холивудскиот актер синоќа на церемонијата на Оскарите се појави во тренерка, што ги шокираше многумина.
Адам Сендлер оваа година не беше номиниран за престижна награда, но тоа не го спречи да привлече внимание, пишува Нова.рс.
Веднаш по говорот на Конан О’Брајан, кој ја отвори церемонијата, Адам стана главна тема. Имено, актерот се појави во син дуксер, поради што колегата му се обрати од сцената.
„Адам, што носиш? Ти си облечен како тип кој игра видео покер во два часот наутро“, рече О’Брајан.
„Никој не ни помисли што носам додека не го спомна тоа. Ми се допаѓа како изгледам. Затоа што јас сум добар човек. Не ми е гајле што носам или што не носам. Моите фенси шорцеви и мек дуксер те навредуваат толку многу што мораше да ме исмејуваш пред моите колеги“, рече Сендлер, кој набрзо ја напушти собата.