Адријана Лима облечена во дрес на ПСЖ и без шминка го бодреше својот омилен фудбалски тим (ФОТО)

popara19 март, 20251min00
Screenshot_8

Адријана Лима синоќа во Париз го следеше натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Марсеј. Како глобален амбасадор на ФИФА и голем љубител на фудбалот, таа го следеше натпреварот како страстен навивач, а на стадионот пристигна без шминка и во спортска облека.

 

 

 

Познатата манекенка Адријана Лима имаше навистина добра облека: широки фармерки, маица со нејзиното презиме, едноставни патики и две јакни бидејќи синоќа беше многу студено во Париз.

 

Лима навистина уживаше гледајќи ги случувањата на теренот, а од фановите и студот беше заштитена од еден угледен господин кој никогаш не ја напушташе, покривајќи ја со палтото, гушкајќи ја и гледајќи со воодушевување додека таа страсно навива.

profimedia-0976540384

Тој е семеен пријател кој понекогаш е виден во јавноста во друштво на славната Бразилка и нејзиниот сопруг Андре Лемер, како што беше случај минатата година во Париз.

 

Пари Сен Жермен го совлада Марсеј со 3-1 во 26. коло од француската Лига 1. ПСЖ е на првото место во Лига 1 со 68 бодови, додека Марсеј е на второто место со 49.