
Ако имате илјадници зачувани фотографии или мејлови на вашиот мобилен телефон, тоа би можело да значи дека страдате од ментално растројство, тврдат експертите.
Имено, се работи за нарушување на таложење. Се дефинира како постојан проблем со одвојување од одредени работи, дури и ако тие имаат мала или никаква вредност.
Дигиталното складирање се однесува на прекумерното зачувување на дигитални датотеки како што се е-пошта, фотографии, текстови итн. Корисникот на мобилен телефон може да се чувствува емотивно поврзан со овие податоци и да се бори да ги организира или избрише, што доведува до стрес и анксиозност.
„Тоа е поврзано со стравот дека тие информации ќе ви требаат некогаш во иднина и дека нема да можете да пристапите до нив“, изјави психологот Емануел Мајденберг за Си-Ен-Ен.
Истражувачите идентификуваа четири типа на луѓе кои собираат дигитални датотеки:
Први се „собирачите“, кои имаат добро организиран систем и не се преоптоваруваат лесно. Има и „случајни собирачи“ кои не сакаат да зачувуваат непотребни податоци, но не знаат како да управуваат со нив.
„Собирачите по упатство“ складираат податоци во име на компанијата во која се вработени и не чувствуваат никаква лична поврзаност со нив. „Вознемирените чувари“ се емотивно врзани за податоците и ги ценат.